Dark Mode Light Mode

Облачно со сончеви периоди, температура до 18 степени

Во Скопје времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 4, а дневната ќе достигне до 18 степени.

На останатото подрачје во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд претежно на северозападот. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој краткотрајно во северните делови ќе засилува. Утринската температура ќе се движи од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 11 до 21 Целзиусов степен.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време и со услови за појава на слаб локален дожд и со сончеви периоди кои ќе бидат почести во среда и четврток. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер кој во средината на денот ќе засилува. До петок температурите ќе бидат во пораст, а за време на викендот ќе биде малку посвежо и врнежливо.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Необична случка во 41 на пат до Драчево: Промоција на новата поезија на Горан Китановски

Next Post

Советот за безбедност ќе расправа за пандемијата, а Комисијата за заразни болести за нови мерки

Реклама