Водата за пиење во Скопје е безбедна, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ Скопје во неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.
Секторот за санитарна контрола, прва акредитирана лабораторија во државата, од 22 до 26 март направил физичко-хемиска анализа на 186 примероци и микробиолошка на исто толу примероци на вода за пиење од 42 мерни места во Скопје.
Резултатите покажале дека водата за пиење во Скопје одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.