Dark Mode Light Mode

Словенија воведува десетдневен делумен карантин

Владата на Словенија ги прифати препораките на епидемиолозите за построги мерки поради зголемениот број на заразени луѓе со Ковид-19. Од 1 до 11 април во Словенија нема да работат неесенцијалните продавници и служби, најголем дел од јавната администрација ќе работи од дома, а користење на годишните одмори е препорачан за државните и приватните фирми. Се враќа наставата од далечина, додека децата, чие родители се вработени во важната државна инфраструктура, ќе бидат згрижени во градинките и училиштата. Ќе биде забрането движење надвор од регионот, освен за Велигден кога ќе биде дозволено собирање на шест лица од две домаќинства заедно со децата. Повоторно се воведува задолжително носење на заштитни маски на отворено.

Од утре Словенија ја засилува и конторолата на надворешните граници поради, како што наведе премиерот Јанез Јанша, „алармантната состојба“ во некои држави од Западен Балкан. Во Словенија ќе може да се влезе само со негативен ПЦР тест.

Во Словенија во изминатите 24 часа потврдени се 640 новозаразени, со што вкупниот број од почетокот на пандемијата се искачи на 212.678 инфицирани со Ковид-19. Во истиот период регистрирани се седум смртни случаи, со што вкупниот број изнесува 4.018

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Заев и Мицкоски ќе помуабетат пред камери или ќе се договараат во интерес на Македонија?

Next Post

Што си мислат „мангупите“ возачи кога поминуваат на црвено, а што пак мисли полицијата?

Реклама