Dark Mode Light Mode
Повреден велосипедист во Скопје
Албанија почна масовна вакцинација во пунктови отворени на плоштадот „Скендербег“ во Тирана
Во Македонија стигна втората пратка од руската вакцина „спутник в“

Албанија почна масовна вакцинација во пунктови отворени на плоштадот „Скендербег“ во Тирана

Во Албанија денеска почна масовна вакцинација што се одвива на плоштадот „Скендербег”, за што во текот на ноќта беа поставени два големи шатор (тенди).

Текот на процесот одблиску го следеа премиерот Еди Рама и министерката за здравство Огерта Манастирлиу.

Реклама

-Откако обезбедивме значителни количини вакцини, продолжуваме со забрзана динамика. Почнавме со вакцинација на лицата на возраст над 70 години, со кинеската вакцина и се работи во четири смени. Нивните животи се во најголем ризик, а нивното ослободување од психолошката напнатост е најголемо задоволство откако се вклучив во политиката, рече Рама.

Тој искажа убеденост дека до следната пролет целото население ќе биде вакцинирано, но не ја отфрли можноста тоа да се случи порано.

– Силно верувам дека оваа туристичка сезона ќе биде ослободена од заканата на невидливиот непријател. Вакцинален пасош нема да биде потребен за туристите кои ќе сакаат да ја посетата нашата земја, додаде Рама.

Во масовната вакцинација на населението се вклучени и медицинските работници од албанската армијата.

-Овде функционираат по 10 места за вакцинација, 10 места за регистрација, со што ќе се овозможи брза регистрација на граѓаните, брза анамнеза, потоа вакцинација и потоа воспоставување постови за пост-вакцинација. Во шаторите има и ладилници за чувавање на вакцините, рече министерот. Тука дневно планираме да се вакцинраат 800-1.000 лица.

Повик за вакцинација граѓаните треба да чекаат од своите матични лекари, рече министерката Манастирлиу.

Рама додаде дека масовна вакцинација денеска треба да почне и во Корча и Елбасан а потоа и во другите делови на земјата, оценувајќи дека со овој тек, очекуваат до крајот на мај да бидат опфатени 500 илјади граѓани

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Повреден велосипедист во Скопје

Next Post

Во Македонија стигна втората пратка од руската вакцина „спутник в“

Реклама