Повеќе од дваесет лица се уапсени под сомнеж за шверц и трговија со дрога во полициската акција која што се спроведува од изутрината во скопската општина Гази Баба и селото Грчец во општина Сарај. Од МВР, за државната агенција МИА, потврдија дека акцијата е во тек и дека повеќе детали ќе бидат соопштени подоцна.
Се дознава дека досега се приведени 21 лице, а дел од приведените се носат и во полициска станица Карпош. Полицијата запленилa поголема количина дрога, пари, автомобили и мобилни телефони.
Во акцијата се вклучени екипи на специјалните единици на МВР, а се апсат луѓе кои се товарат за сериозен криминал. Акцијата ја координира и води Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција заедно со Министерството за внатрешни работи.