Dark Mode Light Mode

Бројот на починати од вирусот стаса до 3.503 лица, нужна е поголема сериозност од граѓаните, но и од власта

Бројките кои ги објавува Министерството за здравство во врска со пандемијата – вриштаат како аларм. Особено загрижуваат бројките на починатите од корона вирусот.

Во изминатово деноноќие починале дури 30 заболени и со што бројката на вкупно починати стаса до 3.503 лица. Алармантно!

А, алармантно е во сите изминати денови, со таа разлика што бројот на починатите денеска беше најголем во споредба со изминативе десетина денови. За последните 10 дена починале вкупно 221 лице.

Реклама

Трендот е загрижувачи, како по бројот на починати така и по бројот на новозаразени лица. Во споредба со другите земји во балканскиот регион одамна сме при самиот врв. Споредено по бројот на умрени на еден милион жители во земјава од нас полошо стојат само неколку земји. Додека во Македонија на еден милион жители има 1.667 умрени лица, во Црна Гора тој број изнесува 1.923, во Словенија 1.912, БИХ – 1.768… Останатите земји – Србија, Грција и Хрватска имаат подобра црна статистика од 570, 725 и 1.416 умрени граѓани на милион жители.

Се прави ли доволно за да се избегне понатамошен раст на црните бројки? Поголема сериозност треба и кај власта и кај здравствените институции и кај самите граѓани со поревносно почитување на мерките. Голем дел од граѓаните мора да е повнимателен и поодговорен.

И граѓаните по овие бројки излегуваат со свои реакции, но и прашања:

-Страшни се бројките, треба сите ние да внимаваме повеќе. Но не треба ли и пописот да се одложи? Како тоа ние граѓаните сме биле недоволно внимателни, ама власта внимавала кога ќе ни пушти попишувачи дома, е еден од коментарите на социјалните мрежи.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Синоќа на Партизанска: Удрил 15-годишно дете и избегал, се бара возачот на „ауди“

Next Post

Кој ќе одбие да се попише- 300 евра, кој ќе поттикне бојкот- кривично

Реклама