Синоќа, во 20 часот, на булеварот Партизански одреди во Скопје, возило удри во 15-годишен пешак од Скопје, а возачот побегнал.
Детето е пренесено во Клинички центар, каде што му се констатирани тешки телесни повреди. На местото на настанот извршен е увид од СВР Скопје.
Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот на „аудито“.