Dark Mode Light Mode

Убаво, реновирани делови од ОУ „Блаже Конески“ во Аеродром

Се реновираа делови од основното училиште „Блаже Конески“ во Аеродром. Денеска увид во работите извршиле градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, и претседателката на Советот, Ивана Цветковска.

Дел од училниците добиле нов под, нови ПВЦ-врати, завеси, ЛЕД-светилки… Поставен е и ламинат на подот во кујната на училиштето, како и во канцелариите, кои исто така добиле и нови плакари. Санација имало и на дел од тоалетите во училиштето.

-Секојдневно работиме на подобрување на условите во кои учат нашите ученици, напиша Марин на Фејсбук каде и објавил неколку фотографии од реновираното.

Реклама

Убава акција и конкретна активност. Да се надеваме дека ќе се повтори и во други училишта низ општината.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Од ден во ден се полошо: 30 починати од ковид за 24 часа, нови 457 заболени, но и помал број тестирани

Next Post

Синоќа на Партизанска: Удрил 15-годишно дете и избегал, се бара возачот на „ауди“

Реклама