Во изминатите 24 часа, регистриран е црн биланс на починати лица како последица на ковид во Македонија – 30, од кои најмногу -8 се од Скопје, потоа од од Прилеп – 6, од Битола и Охрид – по 3 починати, од Кочани и Демир Капија – по 2 и по едно починато лице е пријавено од Куманово, Тетово, Велес, Струга, Неготино, и Радовиш. Се работи за лица од 50-84 години и сите тие полинале во болнички услови.
Во последните 24 часа се направени 1.682 тестирања, а регистрирани се 457 нови случаи на ковид-19, од кои повторно најмногу се од Скопје – 198, потоа од Прилеп – 32, Куманово – 30, Охрид – 29, Велес – 25, Кавадарци – 24, Штип – 17, Тетово – 16, Гевгелија – 15, Гостивар – 13, Струмица и Кочани – по 9, Струга, Неготино, Свети Николе, Македонски Брод, Виница – по 5, Пробиштип – 3, Кичево, Крива Паланка, Радовиш и Богданци – по 2, Ресен, Дебар, Берово и Кратово – по 1.
Регистрирани се 700 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 119.828, на починати е 3.503, а бројот на активни случаи изнесува 14.851, од кои 7.604 се во Скопје.