Dark Mode Light Mode

Уште 30-40 илјади граѓани спаднале на минималец

Бројката на работници кои примаат минимална плата е околу 100.000, што од 1 мај 2011 досега, е зголемување од 30 до 40. 000 илјади, објавија од Сојузот на синдикатите.

Причина за ова е непочитувањето на законите и наколективните договори од страна на работодавачите, соопшти денеска Сојузот на синдикати на Македонија.

Според анализата на ССМ, во 2011 година, кога ССМ на 1-ви Мај ја започна кампањата за потребата од донесување на закон за минималната плата, 60 до 70.000 работници беа на границата или земаа плата во висина на минималната плата. Денес, со зголемувањето на минималната плата, несовесните работодавачи и урамниловката која се направи поради тоа што работодавачите наместо спирално да ги зголемуваат останатите плати, тие исплаќаат плата на работници само во висина на минималната плата, иако тоа е не законски, бројката на работници кои примаат минимална плата порасна на околу 100.000 работници.

Реклама

ССМ смета дека минималната плата треба да се зголеми на 60 проценти од просечната и да изнесува не помалку од 16.976 денари. Минималната нето плата сега изнесува 14.955,00 денари, а со ова усогласување во март, ќе порасне за 446 денари (15.401).

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

МОН: Во училиштата немаше партиско гласање

Next Post

Од ден во ден се полошо: 30 починати од ковид за 24 часа, нови 457 заболени, но и помал број тестирани

Реклама