Dark Mode Light Mode

МОН: Во училиштата немаше партиско гласање

По обвинувањето на ВМРО-ДПМНЕ дека за партиското гласање на СДСМ се користеле училници денеска реагираат од ресорното министерство. Имено, Министерството за образование и наука вели дека во училиштата немало партиско гласање на вчерашните избори за лидер на СДСМ.

-МОН реагира на пласираните невистини дека на партиски избори одржани во неделата се гласало во училишта. Станува збор за груба, намерна манипулација и дезинформација. Не се гласало во ниту едно училиште, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека Министерството за образование и наука работи согласно закон.

Реклама

-Со Законот за основно образование, во основните училишта се забранува партиско и верско организирање и дејствување, како и истакнување на партиски и верски обележја. Оваа Влада и Министерството за образование и наука ги користат училиштата за дејноста за којашто се наменети – за спроведување на воспитно-образовниот процес. Министерството за образование и наука апелира политичките партии да не го инволвираат образованието во дневните агенди, се наведува во соопштението.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Си отворил лажни профили на Фејсбук и Инстаграм за да се заканува

Next Post

Уште 30-40 илјади граѓани спаднале на минималец

Реклама