Во поликлиниката „Јане Сандански“ каде денеска започна вакцинацијата со руската вакцина „Спутник В“ до попладнево се вакцинирани 116 лица, а до крајот на денот, до 20 часот се очекува бројка е 180.
Овие дози руска вакцина пристигнаа во земјата во неделата, и се првите 3.000 дози однајавените 100.000 кои земјава ги нарача.
Како што соопштија од Министерството за здравство, вакцинацијата се одвива и во поликлиниката „Букурешт“, но се работи за ревакцинација со дозите од „Фајзер“ кои ги добивме од Србија.
И во обете клиникии се уште се вакцинира здравствениот персонал.