Полицијата поднесе кривична пријава против приватна фирма од Скопје и нејзиниот сопственик за загрозување на животната средина и природата со отпад.
Настанот се случил минатата година, кога две товарни возила „мерцедес“ биле фатени како исфрлаат голема количина градежен шут и друг вид отпад во атарот на селото Орман.
Фирмата во чија сопственост се камионите е на Н. Р. (49) од Скопје, а според МВР сопственикот и фирмата довеле до создавање депонии спротивно на прописите за заштита на животната средина.