Dark Mode Light Mode
По Меџити-Адеми
Дилема за недела-неработен ден: Што ни е поважно, работниците или шопинг-турите од Косово и Србија?
Само 328 лица од Македонија се пријавиле за гласање на изборите во Бугарија

Дилема за недела-неработен ден: Што ни е поважно, работниците или шопинг-турите од Косово и Србија?

Ако трговските центри во Скопје не работат во недела, нашите граѓани ќе одат во Косово и во Србија. Ако, пак, работат, тие ќе дојдат овде во недела.

Ова е логиката на премиерот Зоран Заев, зошто за некои дејности не треба да важи „недела – неработен ден“, што е една од актуелните кампањи на власта, во контекст на заштита на правата на работниците.

Премиерот Заев, кој денеска заедно економските министри во Владата беше во посета на еден од најголемите трговски центри во државата кој се уште се гради “Ист гејт“ ил поранешен Скопски саем, сепак вели дека организацијата на работата треба да се направи во согласност со работничките права кои предвидуваат одредени работни часоси, дневници, денови за одмор…

Реклама

-Треба да се регулира дали ќе работат 10 часа наместо 12 или 18 часа колку што работат во недела. За тоа постојат стручни луѓе и министрите за економија и за труд и социјална политика веќе ми презентираа креативни решенија што во моментов се бараат, изјави Заев.

Сега останува да видиме дали ќе преовлада ставот на Заев како бизнисмен, политичар или семеен човек, имајќи предвид дека кампањата „Недела-неработен ден“ се води под мотото за да се помине повеќе време со семејството.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

По Меџити-Адеми

Next Post

Само 328 лица од Македонија се пријавиле за гласање на изборите во Бугарија

Реклама