Dark Mode Light Mode

По Меџити-Адеми

Пратеникот Арбер Адеми ќе биде новиот координатор на пратеничката група на ДУИ во Собранието, по оставката на Изет Меџити од оваа позиција.

Адеми во претходниот состав на владата беше министер за образование, а сега е претседател на собраниската Комисија за европски прашања.

Инаку, смената на кормилото на пратеничката група на ДУИ следи откако во понеделникот оставка од оваа функција поднесе Меџити, кој во писмо до претседателот на Собранието Талат Џафери, кој исто така е од ДУИ, вели дека причини за ова се несогласувањата во партијата.

Реклама

Долго време во јавноста се слуѓаше за судирот во ДУИ меѓу тнр. скопско крило застапено од екс градоначалникот на Чаир, Меџити и градначалникот на Сарај, Блерим Беџети и двајцата најистурени министри, Артан Груби и Бујар Османи кои важат за блиски до лидерот Али Ахмети.

Интересно е што само неколку дена пред тоа, лидерот на партијата Ахмети по состанокот на Централното партиско претседателство изјави дека разликите се надминати и дека партијата е обединета.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Поради полицискиот час: Кога да го „фатите“ последниот автобус до дома?

Next Post

Дилема за недела-неработен ден: Што ни е поважно, работниците или шопинг-турите од Косово и Србија?

Реклама