Dark Mode Light Mode

Заев со два „лека“ за опозициската блокада на Собранието

Со помош на медиумите или преку лидерска. Вака премиерот Зоран Заев смета дека може да се реши блокадата во Собранието.

За блокадата прстот го посочи кон опозицијата, која како што рече најчесто ја прави со поднесување илјадници амандмани на одредени закони и во комисиите со кои раководат пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова што се случува навистина нема крај. Затоа што албанската опозиција поднела амандмани на закон на ВМРО-ДПМНЕ, сега оваа опозициска партија возвраќа со илјадници амандмани на закон на Алијансата, објасни денеска Заев.

Реклама

Првата опција според него се медиумите.

-Очекувам медиумите да ги изнесат вистинските причини за блокадата, дека никој не добива ништо со тоа што се кочи донесувањето на законите за трамвајот во Скопје или за енергетска ефикасност, како и на неколку закони од областа на економијата и тоа е само на штета на граѓаните и на економијата во земјава, објасни Заев.

Другиот начин е веќе познат.

-Ако треба, ќе свикам лидерска средба со опозициските партии, посебни или заедничка средба со лидерите, најави премиерот.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Турски државјанин со фалц - зелен картон сакал да излезе на Деве Баир

Next Post

Британската мутација досега се прошири во 111, а јужноафриканската во 58 земји во светот

Реклама