Dark Mode Light Mode

Британската мутација досега се прошири во 111, а јужноафриканската во 58 земји во светот

За една недела мутацијата на корона вирусот која беше откриена во Велика Британија, е регистрирана во пет нови земји, или во вкупно 111 во светот.

Ова мутација, како што покажуваат досегашните истражувања, е позаразна од првичниот корона вирус за дури 75 проценти и го зголемува ризикот од хоспитализација на заболените.

Кога станува збор за јужноафриканската мутација, според податоците на СЗО, досега е регистрирана во 58 земји, а бразилската, пак, е распространета во 32.

Реклама

Според податоците од статистичката веб-страница „Ворлдометерс“, досега во светот се заразиле над 118 милиони луѓе. Бројот на смртни случаи е над 2,6 милиони, а на излекувани речиси 94 милиони.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Заев со два „лека“ за опозициската блокада на Собранието

Next Post

Поради полицискиот час: Кога да го „фатите“ последниот автобус до дома?

Реклама