Dark Mode Light Mode

Србија ќе го скратува работното време за викендов на кафулињата и трговските центри 

Се заоструваат епидемиолошките мерки против корона вирусот во Србија откако надлежниот Кризен штаб денеска решил да и предложи на Владата – угостителите и трговските центри за време на викендот да работат до 14 часот.

Предлогот е продавниците, медицинските ординации, ветеринарните ординации и лабораториите ќе работат како и до сега. Фризерските салони можат да продолжат да работат како и обично, како и доставувањето на храна.

Нова седница на Кризниот штаб е закажана во понеделник, кога ќе се дискутира за почитување на мерките за време на викендот.

Реклама

Како што беше претходно најавено, податоците за бројот на новозаболени лица во Србија не се охрабрувачки, бидејќи вчера беа регистрирани повеќе од 3.500 нови случаи.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Мијалков осуден на 12 години затвор за „Таргет-Тврдина“, Јанкуловска доби 4 години, Грујовски и Бошковски по 15 години затвор

Next Post

Судот решава дали Мијалков ќе оди во затворски притвор

Реклама