Ќе воведе ли ЕУ сертификати за вакцината или не? Имено, европските лидери денес ќе одржат состанок со цел да се договорат за сертификатите за граѓаните на Европската Унија кои биле вакцинирани против Ковид-19.
Сега кога вакцинацијата се зголеми низ цела Европа, некои влади на европски земји, како што се Грција и Шпанија, бараат брзо усвојување на ЕУ-сертификат за оние кои веќе биле вакцинирани, за да можат слободно да патуваат, пренесуваат светските агенции. Во пресрет на денешниот Самит на ЕУ и Австрија е во земјите кои ја поддржуваат идејата за воведување пасош за вакцинација.
Сепак, како што наведуваат светските агенции, некои земји, како што се Франција и Германија, не се за таа идеја, бидејќи одлуката за сертификатот ќе ја направи вакцинацијата задолжителна и би значела дискриминација на лица на кои од одредени причини не им е дозволено или не сакаат се вакцинираат.