Механизмот Ковакс ипрати писмо до Министерството за цивилни работи на Босна и Херцеговина во кое ги известува властите дека нема да добијат вакцини против ковид ни во март, бидејќи, како што тврдат, оваа држава не ги исполнила условите за нивно чување.
Иако многу земји веќе го почнаа процесот на вакцинација, БиХ едвај го започна, но според писмото од Ковакс, најавените 23/400 вакцини од „Фајзер“ нема да ги добие во догледно време.
На БиХ и се забележува дека не обезбедила складишта со ниска темпаратура, но и некои обврски од правен и административен аспект.
Босна и Херцеговина очекуваше 1,23 милиони вакцини од програмата Ковакс, што е доволно за околу 20 проценти од нејзиното население.
Но, дали со ваквата одлука на Ковакс не се казнува населението во БиХ кое ќе биде оставено без, она што светот го нарекува, најмоќното оружје против смртоносната пандемија?