Dark Mode Light Mode

ЕУ ќе мора да увезе 11 милиони здравствени работници до 2030 година

На Европската унија до 2030 година, ќе и бидат потребни дополнителни 11 милиони здравствени работници и вработени за нега на стари лица, поради стареење на населението, се констатира во извештајот на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија.

Сега за ова главно се ангажира домашна работна сила, но податоцитеукажуваат дека во 2018 година, речиси два милиони здравствени работници кои биле ангажирани всушност не биле родени во земјата каде што работат.

– Европа е континент кој старее и мора да се подготви за растечката побарувачка на работна сила. Наш заеднички предизвик ќе биде да обезбедиме прифатлива, квалитетна долгорочна нега и соодветна работна сила, потпретседателката на Европската комисија одговорна за демократија и демографија, Дубравка Шуица.

Реклама

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Заев до Николоски: Се плашевте името да му го изговорите на Мијалков

Next Post

Закана од Ковакс до Сараево: Нема вакцини ни во март, немате фрижидери

Реклама