Dark Mode Light Mode

Израел во април ќе ги укине сите епидемиолошки мерки

Израел успешно го спроведува вакцинирањето на населението и веќе се најавуваат укинување на мерките. Имено, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е оптимист дека во април ќе се укинат сите мерки против корона вирусот и дека земјата ќе се врати во нормала.

Наведувајќи дека повеќе од милион луѓе постари од 16 години во неговата земја не се вакцинирани против корона вирус, Нетанјаху кажа дека луѓето ширум светот чекаат вакцини, меѓутоа, во Израел, вакцините ги чекаат луѓето.

-Ние мора да го смениме тоа, рече Нетанјаху.

Реклама

Израелскиот премиер ги потврди извештаите дека неговата земја испраќа вакцини во други земји, но додаде дека на тој начин не се доведува во прашање вакцинацијата на кој било израелски државјанин.

Тој објасни дека нивната цел е до крајот на март да ја завршат вакцинацијата на сите лица постари од 16 години и дека планираат до април земјата да ја вратат во нормала.

Локалните медиуми веќе јавија дека администрацијата во Тел Авив планира да испрати вакцини против Ковид-19 во повеќе од 15 земји, вклучувајќи ги Палестина, Италија, Чешка и Унгарија.

Според Министерството за здравство, првата доза од вакцината во Израел, земја со приближно 9,3 милиони жители, ја примиле 4.537.244 лица, а втората доза 3.146.509 лица.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Е зошто ќе им даваат нови надлежности и повеќе пари на градоначалниците?

Next Post

ЕУ е поделена околу сертификатот за вакцинација

Реклама