На скопското подрачје времето денеска претпладне ќе биде со мала до умерена облачност, преку денот претежно сончево. Ќе дува умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 18 степени.
И во останати делови од Македонија ќе биде сончево и топло. Претпладне со мала до умерена локална облачност, особено во североисточните подрачја. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степени.