Dark Mode Light Mode

Убаво: Клупата на Горан Стефановски наскоро ќе пристигне во Скопје

Излеаната клупа со фигура на Горан Стефановски наскоро ќе пристигне од Лондон во Скопје каде ќе биде поставена како спомен-обележје на овој познат македонски писател. Обележјето ќе биде поставено од страна на општина Центар во соработка со семејството на Стефановски во неговото Дебар Маало. Општина Центар денеска објави фотографии од подготовките во Лондон за транспортирањето на спомен-обележјето.

Симболичната клупа-споменик, е излеана, и до сега се наоѓаше во Лондон, Велика Британија. Таа ќе биде поставена во паркчето кое се наоѓа спроти бараките на општината, веднаш до чинарот, кој на роденденот на Стефановски – 27-ми април, беше засаден во знак на сеќавање на доајенот на македонската литература.

-Клупата на Горан Стефановски; малото, но сепак големо спомен обележје на македонскиот литературен лауреат, го започнува патешествието од Лондон до Скопје. Во наредниот период очекуваме да пристигне тука и заедно со семејството, пријателите, но и со сите почитувачи на ликот и делото на Стефановски, да ја поставиме во неговото Дебар Маало, изјави градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.

Реклама

Покрај поставувањето на споменикот, Општина Центар секоја година во Дебар Маало со пригоден настан го одбележува и роденденот на Горан Стефановски, како дел од општинската Програма за култура, со исклучок на минатата година, кога целиот свет се соочуваше со пандемијата на коронавирусот.

Активно е и Здружението на граѓани за зачувување и промоција на културното наследство на Горан Стефановски, чија цел е неговиот опус во секое време да биде достапен на граѓаните за подобро запознавање со неговите дела и промоција на сето она што значеше Горан за македонската културна сцена.

Роден во Битола, на 27-ми април 1952-ра година, Стефановски останува еден од најпознатите и признати македонски академици, писатели, професори и драматурзи. Автор е на многу текстови и драми, меѓу кои и “Јане Задрогаз“, “Диво месо“, “Лет во место“, “Хај-Фај“, “Дупло дно“, “Тетовирани души“, “Црна дупка“, “Демонот од Дебар Маало“ и на детската ТВ-серија, “Бушава азбука“.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

За 72 часа казнети 18 лица, возеле и си муабетеле на мобилен телефон

Next Post

Во скопските ковид-центри се лекуваат 251 болен од корона вирусот

Реклама