Dark Mode Light Mode

Денеска е поспокојно, Мијалков е на безбедно на Водно, политичарите не чукаат на маса… 

По вчерашниот и завчерашниот бурен ден, утрово во Македонија е „поспокојно“. Поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков по кого целата држава трагаше во изминатите два дена од синоќа е во куќен притвор во својот стан во елитна скопска населба Водно. Тој на рака ќе мора постојано да носи и алка за електронски мониторинг кој ќе го спроведува полицијата.

Некакво спокојство најверојатно има и кај државниот врв кој двата минати денови беше во хаос.

Синоќа премиерот Зоран Заев изјави дека успешно извршиле истрагата.

Реклама

-Чукнавме на маса. Правдата е обезбедена и ќе ја има се повеќе и почесто. Во изминатите 40 часа институциите на владата предводени од мене спроведоа акција со со сите мерки. Акцијата ја предводев јас. Сашо немаше друг избор и го направи она што е неизбежно, да се пријави во обвинителството, изјави Заев.

Се огласи и обвинителката Вилма Русковска која се радувала што Мијалков сам се јавил во Овбинитекството и рече дека ќе размисли дали повторно ќе побараат затворски притвор.

– Со колегите што го застапуваат предметот, со јавниот обвинител ќе одлучиме. Но сепак олеснителна околност е што самиот се пријави во Обвинителството. Единствено се видов со едниот негов адвокат.  При разговор со неговиот адвокат двајцата заклучивме дека направил грешка што не се пријавил и не го примил решението. Навистина не знам каде бил, изјави шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал, изјави Русковска.

Сетото ова примирје дојде откако Мијалков, како на филм, вчера попладне сам се појави пред Обвинителство за да го земе решението за куќен притвор. Во недела попладне тој мистериозно исчезна и покрај полицискиот надзор.

-Бев во изолација, имав температура над 40 степени и мислев дека имам корона вирус. Изутрина дознав дека по мене трагаат институциите. Се извинувам на сите поради ова. Јас останувам на мојот збор дека нема да избегам никаде, рече Мијалков.

Сепак „примирјето“ не е целосно. Сега останува да се види дали ќе се утврди кој се е одговорен за бегството на Мијалков. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера ја отфрли одговорноста на пропустите на полицијата на која и исчезнал поранешниот шеф на УБК. Тој објасни дека Мијалков изчезнал во недела околу 15 часот откако би зебележан како влегува во хотел „Мериот“ со други лица.

– Се бара дали постои и „крт“ во инстуциите кој го информирал Мијалков. Тоа не е исклучено, имајќи предвид дека има остатоци од претходната власт, рече Спасовски кој ја отфрли и моралната одговорност во случајот.

Додека тоа се истражува, Мијалков е ставен во куќен притвор и покрај дводневното бегство и претходното барање на Обвинителството да биде ставен во затворски притвор. Јавното обвинителство вчера се откажа од жалбата на одлуката на Кривичниот суд донесена во недела попладне тој да биде ставен во куќен притвор. Ова беше објаснето со потребата да не се губи време бидејќи е најважно тој да биде ставен под постојан полициски надзор.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Усвоена листата на имиња на улиците, ќе има ли по изборите нова и така во круг?

Next Post

Борел и ЕУ: Не се преправаме дека ве сакаме, ќе почнеме преговори со Скопје и Тирана

Реклама