На граничниот премин Табановце денеска ќе пристигне и вториот дел од донација на вакцини против корона вирусот од соседната Србија. Министерот за здравство Венко Филипче ќе ја пречека делегацијата предводена од неговиот српски колега Златибор Лончар, кој ќе ја предаде втората пратка на вакцини од компанијата „Фајзер“.
Првата пратка од Србија пристигна на 14 февруари, а на примопредавањето на донацијата од 4 680 вакцини присуствуваа премиерот Зоран Заев и српскиот претседателот Александар Вучиќ. Преговорите за донација од 8.000 вакцини од Србија почнаа на средината на јануари.
Со вакцините на „Фајзер“ кај нас почна процесот на имунизација, првично со вакцинирање на здравствените работници. Следни за вакцинација се ризичните групи граѓани над 70 години.
Дали и овој пат ќе има попмпа, говоранции и црвен тепих за една кутија вакцини ќе видиме денеска. А кога пак ќе пристигнат другите нарачани вакцини од разни места ќе почекаме, па ќе видиме.