Dark Mode Light Mode

Македонија стаса до 100.000 заболени од вирусот, бројка многу поголема од што се прогнозираше

Утрешната статистика на бројот на заболените од корона вирусот речиси извесно ќе покаже дека во Македонија ќе биде надмината бројката од 100.000 граѓани кои се заразиле со вирусот. Денешната статистика со 509 новозаразени во изминатово деноноќие вкупната бројка ја искачи на 99.917 инфицирани граѓани, што значи дека за исполнување на бројката од сто илјади заразени недостасуваат само уште 83 утврдени инфекции.

Ова е биланс кој што е многукратно поголем од прогнозата која ја дадоа на почетокот на пандемијата во нашата земја на 26 февруари минатата година министерот за здравство Венко Филипче и главниот епидемиолог Жарко Караџовски кои прогнозираа две-три илјади заболени и околу 150 починати лица.

Во текот на изминативе дванаесет месеци бројот на инфицираните и починати лица постојано се зголемуваше. Најголем број на новозаразени лица беше забележан 11 ноември минатата година кога со опасниот вирус се заразиле дури 1.321 лице. Најтрагичен ден, пак, беше 28 ноември кога починаа дури 41 пациент.

Реклама

Деновиве бројот на новозаболените пак почна да расте. Во изминативе десетина дена просечно се движеше од 250 – 350 лица, а денеска беше соопштено дека во изминатово деноноќие имало 509 нови случаи од 2.813 тестирани лица. Сето тоа отвора прашањето дали се заканува некој нов бран на вирисот? Министерот за здравство Венко Филипче деновиве предупреди дека позаразниот британски сој на вирусот се повеќе се шири и во Македонија.

 Половина од новозаразените со ковид-19 во Македонија имаат од британската мутација на вирусот, рече тој.

Очигледно е дека во наредниве недели ќе биде потребна поголема претпазливост, бидејќи вакцините се уште не се стигнати иако одамна се ветени.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Како на филм: Мијалков се појави во Обвинителството и се извини за непријатноста, имал температура

Next Post

Претежно сончево со пролетна температура до 18 степени

Реклама