Dark Mode Light Mode

Едно кажаа, друго направат: цело Водно нема да биде заштитено, богаташите ќе продолжат да си градат?

Ако се констатирало дека во иднина е неопходна нова регулатива за Водно, тогаш ќе се дискутирало – министерот за животна средина им „удри“ шлаканица на граѓанските активисти од „Го сакам Водно“ и „О2 Иницијатива“, но и на сите скопјани кои ревносно се бореа да се зголеми заштитата на планината со специјален закон за Водно. Ова, народски кажано, значи дека за околу 40 проценти од планината нема ред и поредок, па богаташите блиски до оваа или онаа власт – зависно како ќе ротира политиката, ќе можат слободно да си градат и да ја соголат Водно.

-Министре Насер Нуредини, зарем веќе имате заземено официјален став на Министерството?! Зарем сета дискусија и јавна расправа е само про-форма“, прашуваат „Го сакам Водно“ и „О2 Иницијатива“. Инаку, 38 граѓански здруженија и организации до Владата пред десетина дена доставија барање за итно стопирање на започнатите постапки за прогласување на Водно за Заштитен предел. Тие побараа итно пристапување кон изработка на посебен закон за заштита на парк-шумата Водно, но залудно.

Иако додека беа гласни, пред самата јавна расправа, Нуредини им ветуваше дека ќе бидат земени предвид сите забелешки, откако заврши се, тој сега смени мислење па вели неточно било оти претходниот статус на заштита на Водно бил од повисоко ниво.

Реклама

Сите здруженија, па и бројни експерти со години предупредуваат дека уништувањето на Водно може да биде фатално. Не само што како природно богатство и место за релаксација ни е потребно, ами и од животно загрозувачки причини бидејќи земјиштето е ровко и водено, па лесно би можело да го „поклопи“ Скопје, ако се излизга. Но, се чини, некому му се најважни други работи…

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Ќе има ли пак црвен тепих и говоранции: Пристигнува и втората пратка на вакцини од Србија

Next Post

Премиера во Турскиот театар: „Славната Флоренс“ во режија на Драгана Милошевска Попова

Реклама