Сашо Мијалков по кого три дена има општа потрага, попладнево сам се појави во Обвинителството да го земе решението со кое му се определи домашен притвор.
Во изјава за ТВ 24 тој рече дека не знаел дека го бараат, не бегал никаде и дека бил еден ден во изолација поради тоа што имал симптоми на корона вирус.
-Вчера бев болен со преку 40 температура и кога дознав за ова што се случува решив да дојдам. Бев изолиран дека имав симптоми на корона, рече Мијалков кој се извини за како што рече, непријатноста што ја предизвикал за Владата, за премиерот, за министрите и за судските инстанци.
По екс шефот на УБК кој е осомничен за прислушувањето „Таргет – Тврдина“ се трагаше од неделата, од кога му се губеше трага откако требаше да му се достави решение за домашен притвор, во пресрет на пресудата за случајот во кој Обвинителството бара максимална казна.
Пресудата треба да се изрече в петок.