Dark Mode Light Mode

Мијалков преку адвокатите поднел жалба на притворот за „Плацови на Водно“

Поднесена е жалба на мерката притвор за поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков за предметот „Плацови на Водно“, соопшти денеска неговиот адвокат Звонко Давидовиќ.

-Вчера беа донесени две решенија, спротивни едни на други, а правило е дека решение на определен суд може само во законска постапка да се поништи од повисок суд. Вчера, за жал се случи Основниот кривичен суд Скопје да стави вон сила решение на Апелацискиот суд кој е повисок суд од него.  Апелација ја прифати гаранцијата и ги проценуваше сите околности и предмети за обвинетиот, но за жал Основниот суд го држеше обвинетиот надвор од законот без каков било правен основ неколку часа во притвор, затоа што првосилноста на решението на Апелацискиот суд беше во 14 часот, а  дури околу 21 часот му го врачија новото решение во кое му се определува притвор затоа што има веќе изречени две казни, без да се наведе дека не се правосилни, дека се води истрага која се води 100 години, најверојатно се мисли на „Империја“…., изјави Давидовиќ денеска пред Кривичниот суд кде се одржуваше рочиште за предметот.

Според него, Основниот суд не може да ја укине гаранцијата затоа што решението на Апелацискиот суд е правосилно и е во сила.

Реклама

– Во сила е решението на Апелацискиот суд, во сила е и решението на Основниот кривичен суд. Од таа причина ние не можеме да ја избришеме гаранцијата. Затоа и гаранцијата и целиот имот е под хипотека, додаде тој.

Давидовиќ посочи дека Судот не го земал предвид тоа што компаниите, односно имотот којшто е влезен во гаранцијата која е запишана и која е правосилна обезбедува плати и придонеси на повеќе од 350 вработени семејства во Републикава и од кои државата добива приход по однос на даноци и акцизи, поголеми износи коишто и самиот суд ги наведува во решението. Во спротивна насока, пак, како што рече, ги цени како можност за бегство, а не како можност дека токму тоа што тој овде има основано свој бизнис нема намера, ниту волја да се даде во бегство.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Стоилковски и Арсовски не сакаат да бидат во УО

Next Post

Нов обид за легализација на дивоградби - комуналиите повисоки од 50 до 100 отсто

Реклама