Dark Mode Light Mode

Ќе остане ли некоја дивоградба за уривање во Македонија?

Во Македонија има дивоградби расеани насекаде. Не се спречуваа на време, од страна на инспекциите, за да не никнат, па станаа бреме кое треба да се решава… И тоа е така со години.

Министри од владата во оставка вчера соопштија дека со новопредложениот закон ќе се легализираат дивоградбите изградени до јануари 2021 година при што нивните сопственици за тоа ќе плаќаат 50 до 100 отсто повисоки комуналии. Како доказ за постоењето на бесправен објект кој ќе може да биде легализиран клучен доказ ќе бидат сметките за јавни услуги плаќани за него. 

Колку вакви дивоградби ќе можат да добијат тапија за сопственост министерите за транспорт и врски и за животна средина Благој Бочварски и Насер Нуреини не кажаа. А одамна е јасно дека бројот на дивоградбите кои чекаат на легализација е на илјадници. Мининистрите само објаснија каде и кои диви објекти нема да може да се легализираат: во строго заштитените подрачја, каде има природни резервоари, национални паркови, градското јадно на Охрид, заштитени подрачја на државни и локални патишта, гранични премини, археолошки локалитети. Изземени од легализација се и станбени згради, базени, гаражи…

Реклама

Но, потоа, на вчерашната конференција за печат тие објаснувајќи не доразјаснија што со легализирањето на дивоградбите на подрачја како што се Попова Шапка, Маврово, односно Леуново, Матка… Ќе го има таму или не? На Попова Шапка има околу 90 викенд куќи изградени без дозвола, и уште толку во Леуново, Маврово.

– Тие кои се наоѓаат во зона за одржливо користење и заштитениот појас на подрачјето може да се легализираат. Нормално дека Попова Шпка е во заштитениот појас бидејќи ние имаме студии со кои ќе се развие Попова Шапка да биде еден ски-центар и да имаме добра инфраструктура таму за туризмот – објасни Нуредини.

Тој потоа и појасни дека нема никаква легализација во зоната на строга заштита и зоната на активно управување.

– Ова значи дека ќе се дозволи само на оние објекти што се со намена А1, односно куќи за домување во зоната за одржливо користење и заштитниот појас на подрачјето. На овој начин ќе излеземе во пресрет на граѓаните кои не можеле да ги регулираат своите нерешени имотно-правни односи – вели тој.

Што се ова значи и што се може да се случи како легализација на спорни објекти во зоните на строга заштита и зоната на активно управување, останува да се дообјасни.  Во јавноста веќе се создава впечаток дека во Македонија малку што ќе остане како нелегализирана дивоградба.

Ваквите дилеми треба да се објаснат во текот на јавната расправа по предложениот закон. А потоа, доколку се усвои во парламентот, да се види и каков став ќе има шефот на државата Стево Пендаровски. Тој, во мај годинава, одби да ја потпише првата верзија на донесениот закон за легализација на дивоградбите. Тврдеше дека граѓаните се ставаат во нерамноправна положба. За него спорни беа два член – можноста за легализација на објекти во заштитени подрачја и за амнестија на сите кои граделе бесправно.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Филипче заминува, ќе има ли нови лица во Комисијата за заразни болести?

Next Post

Невакцинираните се повеќе на удар на ковид, но и вакцинираните се заразуваат

Реклама