Dark Mode Light Mode

ЕСМ ќе штеди – ќе испраќа вработени на принуден одмор

АД „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) ќе испрати на принуден одмор дел од своите вработени поради новите мерки за штедење што ги воведе, а ќе бидат насочени кон намалување на трошоците во услови на енергетската криза.

Мерките се насочени во правец на намалување на непродуктивните трошоци и реализација на производниот процес, со вложување помалку материјални и човечки ресурси.

-Од тие причини, во тек е постапка за утврдување на работни места кои не се неопходни за производството на електрична енергија во одреден временски период. Извршителите на утврдените работни места ќе бидат упатени на принуден одмор не подолг од три месеци, согласно Законот за работни односи, со исплата на 70 отсто од платата, информираат од АД ЕСМ.

Реклама

Како што наведуваат од компанијата, намалени или целосно запрени се и сите други трошоци кои не се строго поврзани со производството на електрична енергија како спознорствата, репрезентациите и службените патувања. Исплатата на прекувремени работни часови е сведена на минимум, додека законската дневница за патување се исплаќа во половина износ. Запрена е набавката на возила, освен возила потребни за производниот процес, додека употребата на патнички возила е целосно и строго рационализирана.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Невакцинираните се повеќе на удар на ковид, но и вакцинираните се заразуваат

Next Post

Мигранти од Пакистан криумчареле мигранти во земјава

Реклама