Dark Mode Light Mode

Без премногу театар да се пополни фотелјата која ја напушти Заев

Заев си ги спакува работите од премиерскиот кабинет. Таму ќе заседнува ново лице. Ќе го чекаме ли долго тој момент или ќе се убрзаат работите во интерес на времето кое Македонија го нема?

Од вчера почнаа да течат уставните рокови во кои треба да се довери мандатот за формирање на новата Влада од страна на шефот на државата Стево Пендаровски. Тоа треба да се случи во наредниве десет дена. Но, за да Пендаровски го направи овој потег потребно е од партија или коалиција на партии да добие известување дека го имаат пратеничко мнозинство во македонскиот парламент. По тоа, следува доделување на мандатот на конкретна личност која ќе се обиде да го состави новиот владин кабинет.

Пендаровски во синоќешното интервју за Канал 5 телевизија рече дека очекува тоа да се случи најдоцна до среда. Зошто сето тоа да не биде до понеделник? Па нели се знае кое е мнозинството или мандатарот?

Реклама

Треба што побрзо да се направи сето тоа и да не се губи време на разно разни комбинаторики. Доволно време се изгуби во исчекувањето дали досегашниот прамиер Зоран Заев навистина ќе поднесе и писмена оставка откако го најави своето заминување по поразот на локалните избори. Се виде колку енергија и време во општеството одзеде дилемата дали тој и натаму ќе остане премиер „додека да се најде решение со Бугарија“ или треба да си го исполни ветеното. 

Зарем ќе се чека со денови новиот мандатар да напише програма па ќе оди во парламентот на гласање. Тие рокови се дадени во уставот, ама сега е време кога се нема време на оставање впечаток дека нешто се работи… Не е време за театар, време е да се формира Владата и да почне вистински да работи.

Брзото констититуирање на новата Влада е потребно заради сите предизвици со кои во овој период се соочува земјата. Енергетската криза станува се потешка, ценовните шокови се повеќе фаќаат замав, пандемијата на корона вирусот бара решенија… 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Пркосната енергија на „Паралелен универзум“ до 10 јануари видете ја во МКЦ

Next Post

Филипче заминува, ќе има ли нови лица во Комисијата за заразни болести?

Реклама