Dark Mode Light Mode

Маричиќ со име и презиме ги посочи судиите од Апелација кои го пуштија Мијалков од притвор

Министерот за правда Бојан Маричиќ на својот Фејсбук профил со име и презиме ги посочи судиите од Апелација кои ја прифатија гаранцијата од над 11 милиони евра и му дозволија на Сашо Мијалков да излезе од пртиворот во Шутка.

-Одлуката на Апелациониот суд во Скопје  да го пушти од притвор Сашо Мијалков ја намалуваат и онака разнишаната доверба на граѓаните во судовите. Потсетувам дека Мијалков беше лице под реален ризик за бегство и повод за настани кои ја вознемирија целата македонска јавност. Судиите на Апелациониот суд во Скопје Ѓоко Ристов и Енвер Беџети кои ја донесоа оваа одлука треба да и објаснат на јавноста на кој основ ја донеле ваквата одлуката и на кој начин ќе ја преземат одговорноста доколку се случи повторно ризик од бегство, реагира Маричиќ.

Мијалков сега ќе биде само под посебни мерки на претпазливост и одземен му е пасошот.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Нови 320 заразени за 24 часа, на црната листа се запишани 15 починати

Next Post

Пендаровски: Се залагам за внимателен пристап во преговорите со Бугарија, брзањето не е секогаш најдобар сојузник

Реклама