Dark Mode Light Mode

Студено и ведро, наутро под -10 степени

Утре изутрина ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала локална облачност.

Според УХМР, ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималните температури на места ќе се спуштат под минус 10 степени и ќе бидат во интервал од -12 до -4, а максималните од 2 до 9 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 5 степени.

Реклама

Во петок и за време на викендот по одделни котлини ќе има појава на магла и значителна ниска облачност.

По најавите од УХМР, од недела ќе има зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд. Утринските температури ќе бидат позитивни.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Обвинителството сега бара притвор за Мијалков за „Плацовите на Водно“

Next Post

Мијалков уште не излезе од еден притвор, а веќе му е одреден нов за друг предмет

Реклама