Кривичниот Совет на Основниот кривичен суд вечерва донесе одлука на Сашо Мијалков да му се одреди притвор од 30 дена за предметот познат во јавноста „Плацови на Водно“. Советот го прифати предлогот на Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, кој попладнево поднесе предлог, откако претходно Апелацискиот суд Скопје ја прифати жалбата на Мијалков и гаранцијата од над 11 милиони евра, по што го преиначи решението за притвор, и му изрече мерки на претпазливост.
Во соопштениието од Кривичен се вели дека Советот смета дека се исполнети условите од чл. 165 ст.1 т. 1 односно дека постои опасност од бегство.
Од Судот велат дека решението е во фаза на експедирање до странките во постапката кои имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје.