Министерството за внатрешни работи само во последните неколку дена заплени над 30.000 парчиња пиротехника и приведени се неколку лица.
МВР со засилени контроли и за новогодишните празници, најави денеска на прес-конференција владиниот портпарол Душко Арсовски.
Законот за прекршоци против јавниот ред и мир во член 31 предвидува глоба во износ 200 до 500 евра во денарска противвредност за оној којшто неовластено пука од огнено оружје, употребува пиротехнички средства или сличен експлозивен или лесно запалив материјал или на сличен начин го нарушува мирот и безбедноста на граѓаните.