Dark Mode Light Mode
Од 9 часот, без вода улиците „Дебарца“ и „Никола Тримпаре“
По 1.000 денари месечно за струја Владата ќе дава на 35.000 загрозени семејства и 9.000 пензионери
Без струја утре дел од корисниците од Центар и Ѓорче Петров

По 1.000 денари месечно за струја Владата ќе дава на 35.000 загрозени семејства и 9.000 пензионери

Владата веќе се подготвува за поскапувањето на електричната енергија.

-Во рамките на постојната програма за поддршка на социјално загрозените категории во земјата, каде се вклучени околу 35 илјади семејства и девет илјади пензионери со пониски пензиски примања, предвидена е помош за енергенси, односно за електрична енергија од 1.000 денари месечно, изјави денеска министерот за финансии Фатмир Бесими.

Преку поддршка на енергетските компании ќе бидат обезбедени и дополнителни количини струја за стопанството за да се ублажи ефектот од високите цени на берза.

Реклама

Вчера АД ЕСМ достави понуда до Универзалниот снабдувач со електрична енергија ЕВН Хоум за задоволување на 100 отсто од планираните потреби за тарифните потрошувачи за првата половина на наредната година. Понудата што ја достави на петтиот тендер на ЕВН Хоум изнесува 41 евро за мегават час електрична енергија и е за 13,6 отсто повисока од понудата за периодот јули-декември 2021 година.

Владата на една од минатите седници му даде препорачана цена на АД ЕСМ а да учествува на тендерот на ЕВН Хоум. На седницата беше затворена за јавноста и не се откри за која цена се работи. Министерот за економија Крешник Бектеши тогаш рече дека нема да биде повисока од 10 отсто.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Од 9 часот, без вода улиците „Дебарца“ и „Никола Тримпаре“

Next Post

Без струја утре дел од корисниците од Центар и Ѓорче Петров

Реклама