Предновогодишно уживање со светскиот а наш ансамбл „Танец“, традиционално се нуди и оваа година. Датата е 21 декември, а локацијата Македонскиот народен театар.
Оние кои го сакаат и следат „Танец“ ќе можат да уживаат во ората „Копачка“, „Шопска петорка“, потоа „Роненка“, „Жетварка“, „Радовишки собор“, како и композиции од богатиот вокално-инструментален репертоар.
За прв пат на оваа концертна манифестација ќе биде промовирана и кореографската постановка „Мијачка“ на авторите Марјан Андоновски (кореографија) и Дарко Илиевски (музичка обработка). Ова ново кореографско дело се темели врз личните теренски истражувања на кореографот низ пределот Мала Река.
Картите може да се купат електронски, чинат 500 денари, но и на билетарницата на МНТ.