„Прличеви беседи – хроника на еден културен настан“ ( 1952 – 2022) е најновото издание посветено на Григор Прличев, создадено од авторите Милчо Јованоски и Гордана Змејковска. Станува збор за монографија со која се сака да се одбележи 70 – годишнината од иницијативата за почеток на веќе култната манифестација „Прличеви беседи“.
-Ние, како автори продолживме, таму каде што се застанало и преку документи, фотографии и искажувања се надеваме дека како наш залог за идните генерации уште еднаш ги зацврстивме историските и развојните факти, за седумте децении и посебно за последните 25 години сврзани со настаните од „Прличевите беседи“ одржани во нашата матична НУ Библиотека која со гордост го носи името на својот Патрон – Григор Прличев. Монографијата не е само гола фактографија на настани и хроника, туку содржи и низа стручни елементи и научни истражувања кои „шетаат“ во длабочина и широчина низ животот и творештвото на преродбеникот Прличев, велат авторите Јованоски и Змејковска.
Монографијата ќе биде промовирана на јубилејните „Прличеви беседи“ во февруари, 2022 година.