Dark Mode Light Mode

Македонскиот кандидат за Оскар „Сестри“ во домашните кина

Од вчера во скопските кина се прикажува македонскиот кандидат за Оскар, филмот „Сестри“ на режисерката Дина Дума. Кино-промотор е „Милениум“, а филмот ќе се прикажува два пати заради ковид мерките, од 19 и од 21 часот.

Филмот ја прикажува приказната за две тинејџерки чие пријателство е ставено на тест, кога тие се соочени со последиците од нивното декадентно однесување. Дејството се движи околу неразделните другарки Маја и Јана, но Јана е таа која води, а Маја таа која секогаш ја следи. Една ноќ на забава, Маја и Јана ја снимаат најпопуларната девојка во училиштето Елена во интимен однос со симпатијата на Маја. Тогаш Јана ја убедува Маја да го објави видеото онлајн, тоа набрзо станува вирално и животот на Елена е уништен. Во жестока конфронтација помеѓу трите девојки, Елена исчезнува. Маја сака да пријави во полиција, но Јана не ѝ дозволува. Маја се бори да најде храброст и да излезе од токсичното пријателство со Јана и тајната што се заканува да ѝ го уништи животот…

Деведесет минутната драма на „Лист продукција“, во копродукција меѓу Македонија, Косово и Црна Гора, во главните улоги ги има Антонија Белазелкоска и Миа Жиро.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Ловел диви свињи, застрелал жител на Горна Матка

Next Post

Многу зли сили се з`гнаа да ја растурат и разнебитат Македонија

Реклама