„Пешачкиот премин е за слободно минување, а не за смрт“ е пораката што сакаат да ја испратат пријателите и блиските на Тамара Тодоровска, која во 2017 година загина во сообраќајна несреќа.
Ќе се обидат да допрат со пораката до сите млади, и до сите возачи, пуштајќи ги нејзините омилени песни во кафулето „Ла Кања“ во Старата скопска чаршија, на 23 декември од 21 часот.
-Ќе ги пуштаме нејзините најомилени песни од ‘APTBS’, ‘The Verve’, ‘The Gits’, до ‘Slowdive’ и други“, соопштуваат организаторите „Млади за Скопје“, кои и претходно правеа вакви музички настани за Тодоровска, истовремено со цел да се подигне и свеста за безбедноста во сообраќајот.