Употребата на пиротехнички средства е противзаконска, додека последиците од нив можат да предизвикаат физичка повреда и траен инвалидитет.
Министерството за внатрешни работи во пресрет на новогодишните празници ја промовира „Кампањата за превенција од употреба на пиротехнички средства“, со акцент дека најголем ризик има за децата.
Законот за прекршоци предвидува глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност за неовластена употреба на пиротехнички средства, огнено оружје, експлозивен или лесно запалив материјал.