Dark Mode Light Mode

„Левица“: Со 1.200 амандамни ја спречуваме штетната приватизација на Брзата помош

Со поднесување на 1.200 амандамни на предложените измени во Законот за здравствена заштита партијата „Левица“ сака да го спречи приватизирањето на службата за Итна медицинска помош. Во денешното соопштение на оваа опозициска партија се наведува дека таа „застанува одлучно против внесувањето на профитната бизнис логика во јавното здравство“.

-Министерот за здравство во заминување Венко Филипче, преку навидум бенигни измени на Законот за здравствена заштита, предложени по скратена постапка, денес – во Собранието на РМ – ќе се обиде да го протурка енормно штетниот план за отворање можност за приватизација на брзата помош и трансплантацијата на човечки органи, се наведува во соопштението.

Левица потенцира дека како идеолошки профилирана партија, застанува одлучно против внесувањето на профитната бизнис логика во јавното здравство.

Реклама

-За нас здравјето е политичко прашање од највисок приоритет и тоа не смее да биде третирано како додаток на луксузот, кое ќе биде достапно само за богатите, а недостапно за сите останати. За таа цел, нашите двајца пратеници во Собранието на РМ денес, на Комисијата за здравство, поднесоа над 1.200 амандмани со цел да го спречат донесувањето на овој енормно штетен закон. Бараме отворање јавна расправа за ова круцијално прашање кое е во интерес на сите граѓани и итно повлекување на овој штетен закон од собраниска процедура, се потенцира во соопштението на партискиот Президиум.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Може ли во Македонија да се заживее нормално?

Next Post

Денарот е стабилен, инфлацијата во рамки на очекувањата - тврди Владата

Реклама