Dark Mode Light Mode

Денарот е стабилен, инфлацијата во рамки на очекувањата – тврди Владата

Денарот е стабилен. Да бидеме внимателни со шпекулациите за девизниот курс на денарот затоа што тие не му користат никому. Народната банка има доволно инструменти да го заштити денарот, порача денеска министерот за финансии Фатмир Бесими.

-Имаме фиксен девизен курс, имаме доволно девизни резерви во Народната банка и во досегашниот период сме дале доволно факти дека по секоја цена ќе се заштити девизниот курс на денарот. Тоа е основата на нашиот економски модел, на нашиот монетарен систем и тука нема дилеми, истакна Бесими, одговарајќи на новинарско прашање по денешната прес-конференција во Владата.

Инфлацијата, рече министерот, е во рамки на предвидувањата и очекувањата на сите меѓународни институции е дека ситуацијата на глобално ниво ќе се стабилизира во втората половина на следната година.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

„Левица“: Со 1.200 амандамни ја спречуваме штетната приватизација на Брзата помош

Next Post

Пендаровски: Подготвени сме на Косово да му ги пренесеме нашите искуствата на патот кон ЕУ и НАТО

Реклама