Dark Mode Light Mode

Зошто Заев не излегува да објасни што и одговориле на Бугарија?

Датумот кој никако да стане датум – ја бранува јавноста. До кога ќе се даваат ветувања, а нема да има реализирање на ветувањата? Па барем да има објаснувања и за новите ветувањата…

Деновиве за датум за почеток на преговори некако погласно зборуваат ДУИ, додека високите функционери од македонскиот владејачки блок, како да се порезервирани.

Јавноста се прашува зошто ги нема никаде премиерот во заминување Зоран Заев, зошто е во сенка првиот човек на Секретаријатот за европски прашања Никола Димитров? Зошто никој јавно и транспарентно не кажа што одговориле на бугарските барања, за кои вицепремиерот Артан Груби тврди дека ги испратиле во Софија? Дали се држеле до резолуцијата за македонските црвени линии? Зошто за ова информира Груби, а не првиот човек на владата?

Реклама

И не се само функционерите на ДУИ. Деновиве на оваа тема повторно се произнесе исклучениот пратеник од Беса, Кастриот Реџепи. Убеден е дека Македонија до крајот на јануари ќе добие датум за почеток на преговорите со Европската унија. Првиот пат тврдеше дека датум му ветиле високи функционери од ЕУ и САД, па потоа рече дека така му кажала жена му која слушнала на ТВ дека ќе сме добиеле датум.

Последните оптимистички пораки дека датум е можен ги соопшти министерот Бујар Османи. Прашањето е од каде е овој оптимизам кога пораката на францускиот претседател Емануел Макрон кажана вчера е повеќе од јасна: конференција за Западен Балкан е можна дури во јуни, без да ги спомене термините проширување и интеграција.

Димитров пред некој ден рече дека веќе требало да се биде реалистичен.

 Не смееме, после целото искуство што го имаме да се врзуваме за датуми, рече вицепремиерот.

Добро ако е така. Сега е време да чекаме еден друг датум – денот кога ЕУ ќе испорача што вети, а и ќе се почитуваат основните права на македонскиот народ и од Брисел и од владата на Заев.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Над 5.600 активни случаи со ковид, засега ниту еден не е со сојот омикрон

Next Post

„Нема да бидеш сама“ на Столевски влезе во топ селекцијата на филмскиот фестивал „Санденс“

Реклама