Dark Mode Light Mode

Над 5.600 активни случаи со ковид, засега ниту еден не е со сојот омикрон

Во земјава заклучно со вчера има вкупно 5.620 активни случаи со ковд 19. Надлежните и натаму апелираат граѓаните да се вакцинираат, бидејќи, како што посочуваат, само така ќе се дојде до колективен имунитет и ќе се спречи ширење на мутации на коронавирусот. Досега во земјава не е регистриран случај со омикрон сојот на Ковид-19. Се уште доминантен е делта сојот, како кај нас, така и во дел од државите во регионот.

Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 361 случаи на Ковид-19 од направени 3.028 тестирања. Оздравени се 433 пациенти, а починати осум лица во 24 часа.

Од новодијагостицираните случаи, во Скопје се 166, Прилеп 41, Битола 30, Кавадарци 22, Кочани 14, Куманово и Велес по 12, Тетово 8, Гевгелија 6, Неготино, Радовиш и Делчево по 5, Кичево, Берово, Валандово и Македонски Брод по 4, Струмица 3, Гостивар, Штип, Охрид, Богданци и Пехчево по 2, Крива Паланка, Пробиштип, Кратово, Демир Хисар, Крушево и Дојран по 1. Најмногу активни случаи има во Скопје, Битола, Прилеп, Кавадарци, Охрид, Куманово, Велес…

Реклама

Досега во земјата се направени вкупно 1.496.479 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во земја од почетокот на епидемијата изнесува 218.723, бројот, на оздравени пациенти е 205.303, на починати е 7.710.

 

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Денеска дожд, утре снег - од понеделник студено

Next Post

Зошто Заев не излегува да објасни што и одговориле на Бугарија?

Реклама