Dark Mode Light Mode

Пријава за експлозивна направа во МНТ, евакуирани повеќе објекти, центарот е блокиран

Полицијата постапува по пријава за напад, откако едно лице се јавило во 16:45 во билетарата на МНТ, информираат од МВР откако вечерва беа евакуирани неколку објекти во центарот на Скопје.

Неколку објекти меѓу кои и зградата во која се сместени МИА, СЕП, ДКСК, Финансовата полиција, Инспекторатот за животна средина, вечерва се евакуирани. На вработените им е кажано веднаш да излезат од објектите.

Испразнети се и зградите на А1, на МНР и соседните објекти во центарот на Скопје. Полицијата не дозволува движење на луѓе и возила кон Мавровка, МНТ и МРТ, а блокирани се и околните улици и крстосници. Забалежливо е зголемено присуство на полицијата и полициски возила.

Реклама

– Станува збор за стандардни мерки на МВР после ваква добиена пријава и веднаш штом ги завршиме проверките и веродостојноста на информацијата ќе ја известиме јавноста соодветно. Апелираме граѓаните да останат смирени, а медиумите да ги пренесуваат официјалните и точни информации, наведуваат од МВР.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Судот во Стразбур одби да ѝ наложи на државата да го пушти Камчев во домашен притвор

Next Post

Неколку часа центарот беше под полициска блокада поради пријава за лажна бомба во МНТ

Реклама