Последниот пациент кој беше повреден во автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, денеска е отпуштен од Клиниката за неврохирургија во болницата Пирогов во Софија.
Тој попладнево ќе се врати во земјава.
Ова е седмиот повреден во инцидентот на 23 ноември во кој загинаа 45 лица, државјани на Северна Македонија.
Во денешното соопштение од болницата „Пирогов“ се вели дека сите странски државјани кои ја преживеале несреќата на автопатот Струма се пренесени и нивната состојба се следи во Македонија и Србија по нивното отпуштањето.