Dark Mode Light Mode

Судот во Стразбур одби да ѝ наложи на државата да го пушти Камчев во домашен притвор

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур го одби барањето на адвокатскиот тим на Орце Камчев, на државата да и се изрече времена мерка со која тој ќе биде во домашен притвор и ќе му биде извршен медицински преглед од кардиолог поради неговата влошена здравствена состојба.

Ова значи дека ЕСЧП одбил да и наложи на државата да го пушти Камчев во домашен притвор и да му бидат извршени прегледи од кардиолог.

Адвокатскиот тим на Камчев, претходно во неколку наврати алармираше дека имаат медицински белешки од кардиолози од земјава и странство, кои укажуваат дека тој спаѓа во група на пациенти со висок ризик од смрт поради кардиоваскуларни проблеми. Врз основа на тие белешки, одбраната на Камчев, го поднела и барање пред ЕСЧП.

Реклама

Камчев веќе неколку месеци е во притвор како обвинет во случајот „Плацовите на Водно“, кој се наоѓа во доказна постапка.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Возовите се вратија во сообраќај - железничарите го добија делот од октомвриската плата

Next Post

Пријава за експлозивна направа во МНТ, евакуирани повеќе објекти, центарот е блокиран

Реклама